КУРИР: СКАНДАЛ на скопска Гинекологија: Акушерка пресекла прст на новороденче!

Пред десетина дена ужасен настан се случил на скопската клиника за гинекологија и акушерство, како што пренесува КУРИР.
Според нивните извори, на новороденче му бил исечен прстот од страна на вработената акушерка во клиниката.
Од КУРИР побарале одговори од клиниката, од каде го потврдиле овој немил настан.
-На одделот за новородени деца при ЈЗУ У ГАК – Скопје се случи немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла дел од палецот на бебето. Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата, велат од ГАК за КУРИР.
Акушерката беше суспендирана.
Како што информираат од клиниката, таа била дадена на Дисциплинска комисија.
-Ѝ беше изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место, велат од ГАК за КУРИР.