09/06/2025

Во Охрид традиционално накитена елката под вода

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ – Охрид со поддршка на волонтерите на Општинската организација на Црвениот крст традиционално и оваа година ја накитија новогодишната елка.

Тие заднички елката ја поставија во водите на Охридското Езеро пред Музејот на вода во близина на Градиште.

Китењето и поставувањето на елката под вода е посветено на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.

Посетителите кои ќе сакаат да ја видат елката под вода тоа ќе можат да го направат во Музејот на вода до крајот на јануари.

Споделете