Најмалку 70 загинати во израелски напад врз бегалски камп во Газа

Најмалку 70 лица го загубија животот во вчерашните израелски напади врз бегалскиот камп Магази во Појасот Газа, соопштија локалните здравствени власти, јавува ДПА.
Според портпаролот на Министерството за здравство во Газа, од израелските напади биле погодени неколку семејства во кампот.
од ДПА не можеа да ја потврдат информацијата преку независни извори, а портпаролот на израелската војска изајви дека извештаите се истражуваат.
Израелските сили извршуваат напади во Појасот Газа од 7 октомври, односно откако Хамас и други радикални палестински групи извршија крвави напади врз Израел.
Според Министерството за здравство во Газа, повеќе од 20.258 луѓе се убиени, а 53.688 се повредени, главно цивили, од почетокот на конфликтот.