СДСМ: Повеќе за сите, просечна плата со СДСМ сега е речиси 39.000 денари

Економските политики на СДСМ обезбедуваат повеќе средства за сите граѓани, носат постојан раст на платите. Просечната плата во октомври годинава според податоците на Државниот завод за статистика изнесува 38.843 денари, велат од СДСМ.
Потенцираат дека таа е за 17,3 отсто, односно за 5.739 денари повисока во однос на октомври 2022 година.
– Од почетокот на мандатот на СДСМ во 2017 година просечната плата е покачена за 15.487 денари, од 23.536 на 38.843 денари. СДСМ продолжува, со одговорен и ефикасен пристап, да создава услови за раст на платите и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Со СДСМ работниците добиваат повеќе, со СДСМ секој добива повеќе, истакнуваат тие.