09/06/2025

Новите камери ќе се користат за документирање сообраќајни прекршоци, но се уште не се во функција

Поставувањето на нови камери во главниот град Скопје ги разбранува социјалните мрежи. Корисниците пишуваат дека камерите се функционални од вчера и се користат за санкционирање на сообраќајни прекршоци.

Курир побара одговори од Министерството за внатрешни работи од каде информираат дека камерите се уште не се ставени во функција, а во тек е нивно поставување.

-Новите камери кои се поставуваат во Скопје се во рамките на проектот „Безбеден град” и откако ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци. Камерите се уште не се во функција. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од МВР за Курир.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред десетина дена најави дека ќе има проширување на проектот „Безбеден град“ и во другите градови, а во надградбата на системот ќе бидат вклучени и автопатиштата.

Проектот „Безбеден град“ во моментов го има во Скопје, Куманово и Тетово.

Споделете