08/06/2025

Aнтонио Милошоски: СДСМ избраа член на Комисијата на АЕК според партиски заслуги

Eкс министерот за надворешни работи и актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошески, реагира на тема неодамнешната апоентација на членови на комисијата при АЕК.

„СДСМ избраа член на Комисијата на АЕК кој не ги исполнува законските услови, Владимир Станивуковиќ (претседател на СДСМ Карпош).

1. Не го исполнува условот од чл.16 став 1, бидејќи во февруари 2022 се стекнал со минимум 240 ЕКТС кредити во образованието, а од 2022 до декември 2023 година календарски е невозможно да се стекнал со 5 години соодветно раб.искуство со потребното образование.

2. Според официјалната страна на СДСМ претседател на ОО Карпош е кандидатот за АЕК, В. Станивуковиќ, што се коси со чл.17 став 1 од Законот за електронските комуникации.

“Реформите” на администрацијата се пуштени на најјако, со вдомување на блиските другари на Ковачевски, пред претстојниот изборен пораз.

(За втор член беше избран Ервин Реџепагиќ од коалиционата партија ДОМ)“, заклучува Милошоски.

Споделете