09/06/2025

Состојба на патиштата за ден 21.12.2023

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, Прилеп, Кичево и Македонски Брод, а магла со видливост до 100 метри има на делницата Хиподром-Петровец и по Повардаријето.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Споделете