08/06/2025

Израел му предложи на Хамас седумдневен прекин на огнот во замена за заложници

Израел му понуди на Хамас седумдневна пауза во борбите во Појасот Газа во замена за ослободување на околу четириесет заложници кои ги држеше палестинската милитантна група, изјави Барак Равид, аналитичар за политички и надворешни работи на Си-Ен-Ен, цитирајќи два израелски извори.

Во израелскиот предлог, кој прв го објави порталот Аксиос, се наведува барањето за ослободување на заложниците, меѓу кои има жени, стари лица и лица на кои им е потребна итна медицинска помош. Предлогот му беше претставен на Хамас преку катарски посредници, додаде Равид.

Израелските власти велат дека има десетици такви палестински затвореници кои се стари или болни и би можеле да бидат ослободени како дел од хуманитарен договор.

Ова е првпат Израел да понуди прекин на борбите по пропаѓањето на договорот минатиот месец што доведе до седумдневен прекин на огнот и ослободување на повеќе од 100 заложници.

Споделете