08/06/2025

СДСМ: Потврда од устата на Xpистијан Мицкоски, со ВМРО-ДПМНЕ во ЕУ ниту за 100 години

Со BMPO-ДПМНЕ во ЕУ ниту за 100 години, потврди самиот Xpистијан Мицкоски пред целата македонска јавност во интервју за 360 степени. Антиевропската коалиција на BMPO-ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина која мора да биде поразена, велат од СДСМ.

Додаваат дека сакаат да ја вратат државата назад, во мрачно минато, во изолација, скарана со сите.

Со блокадите и кочењето на европскиот пат им ускратуваат на граѓаните повисок стандард, поголеми плати и пезнии, подобро образование, правда, здравство, социјала, поквалитетни јавни услуги, подобри можности за работа на комапниите, просперитет за земјоделците, шанса младите да останат да живеат во татковината, велат од партијата.

Во соопштението се потенцира дека блокадите на BMPO-ДПМНЕ ќе бидат поразени на претседателските и на парламентарните избори наредната година од европскиот фронт предводен од СДСМ. Граѓаните немаат години за губење.

Споделете