08/06/2025

Најмалку 38 Палестинци загинаа во последните напади во Газа

Најмалку 28 Палестинци загинаа во денешниот напад на израелската армија на југот на Појасот Газа и 10 во нападот на бегалскиот камп Џабалија на север.

Најмалку 25 лица, меѓу кои жени и деца, загинаа во напад врз цивилни објекти во областа Рафа, во кој раселените лица од северна Газа побараа засолниште, а најмалку три лица загинаа во друг напад.„Во израелски напад врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа загинаа најмалку 10 Палестинци, а 40 се ранети во израелски напад врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа“, изјави портпаролот на Министерството за здравство во енклавата која ја контролира Хамас, пренесува Гардијан.Израелските сили извршија рација во болницата Ал-Ахли во градот Газа во текот на ноќта и уапсија поголем дел од персоналот, соопштија од болницата.

Споделете