09/06/2025

Партијата на Александар Вучиќ комплетно ја збриша опозицијата

Српската напредна партија на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ однесе убедлива победа на парламентарните изборите кои вчера се одржаа. СНС на чие чело формално е Милош Вучевиќ ќе може самата да формира влада. СНС води и на изборите во Белград но таму ќе им треба коалициски партнер.

Што се однесува до Белград, Листата на Србија не смее да застане е прва со 38,5 отсто од гласовите, второ место со 35 отсто е Србија против насилството, трето место со 6 отсто е НАДА и 5,4 СПС и 5,1 Несторовиќ. Сигурен сум дека градоначалник ќе биде Александар Шапиќ, но очигледно е дека во Белград зависи од два фактори, со кого господинот Несторовиќ ќе сака да го формира мнозинството – рече Вучиќ.

Следните избори во Србија ќе бидат во 2027 година.

Споделете