Maхмуд Абас: Итен прекин на огнот

Претседателот на палестинската самоуправа, Махмуд Абас, денес во разговор со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во Рамалах, истакнал дека неопходен е итен прекин на израелската агресија врз палестинците, особено во Појасот Газа, јавува палестинска новинска агенција.
Абас му рекол на Саливан, за време на состанокот на Западниот Брег, дека САД мора „да интервенираат и да го принудат Израел да ја прекине својата агресија врз народот на Западниот Брег, вклучувајќи го и окупираниот Ерусалим“.
Палестинскиот претседател побара и отворање на сите премини, зголемување на хуманитарната и медицинската помош, како и помош во храна и снабдување со вода, струја и гориво.
Тој, исто така, ја повтори потребата од поправка на болниците и основните објекти во Газа, со цел да се овозможи лекување на бројните жртви и давање услуги на палестинското население. Абас ја повика американската администрација да интервенира и да го принуди Израел да ја прекине својата агресија на Западниот Брег и окупираниот Источен Ерусалим.