08/06/2025

СДСМ: Христијан Мицкоски опкружен со дилери и криминалци

„Јавноста го виде Христијан Мицкоски во друштво со дилер на дрога и оружје од Струга, кој неодамна е приведен, а претходно како седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра.

Xpистијан Мицкоски имал средби и со осомничениот за двојното убиство што ја потресе македонската јавност Палевски, кој беше близок соработник на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица,

BMPO-ДПМНЕ стана гнездо на подземје и криминал со дрога“, оценуваат од партијата на власт.

Додаваат дека со дрога беше фатен и истакна тчлен на ВМРО-ДПМНЕ, соработник на Христијан Мицкоски од Пештани.

Според СДСМ, не е воопшто случајност што уапсени шверцери со дрога седат на иста маса со Христијан Мицкоски по кафеани. ВМРО ДПМНЕ, додаваат од таму со години е едиствена партија која овозможува заштита на ваквите структури и партија каде се чувствуваат безбедно.

„Радикални групи, националисти, насилници а сега и шверцери на дрога имаат очигледно влијание врз Христијан Мицкоски. Доколку ВМРО ДПМНЕ дојде на власт кој ќе ја води државата? Тие се разбира.

Вакво ВМРО ДПМНЕ претставува опасност по сигурноста на граѓаните“, потенцираат од СДСМ.

Споделете