Од утре корисниците од топланата „Скопје север“ ќе имаат парно греење

Од утре (1-ви декември) корисниците од топланата „Скопје север“ ќе имаат парно греење.
Ова на ТВ21 го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој вели дека Владата на раководството на Скопје Север и Топлификација А.Д. им понудила две понуди.
„Првата понуда е да се потпише договор за деловно-техничка соработка меѓу ЕСМ и Скопје север и втората е договор за закуп. Раководството на Скопје Север се одлучија за првата опција и ние прифативме со цел да им излеземе во пресрет на грачаните на општина Чаир и општина Бутел“, вели Бектеши.
Бектеши порача дека топлификација „Скопје Север“ ќе работи со природен гас затоа што за нив е приоритет здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина.