Украински мобилен оператор цел на хакерски напад

Водечкиот умобилен оператор во Република Украина, Киевстар денес бил цел на хакерски напад, соопшти групата на Фејсбук.
„Утрово бевме цел на моќен хакерски напад. Ова предизвика технички дефект поради што нашите услуги за мобилна комуникација и пристап до Интернет беа привремено недостапни“, се вели во соопштението.
Ниту операторот, ниту украинските власти не дадоа детали за тоа кој би можел да стои зад хакерскиот напад. Не стана збор ниту за можна поврзаност на нападот со Русија.