ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните да се приклучат кон промените и да завземат учество во изработка на буџетот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес со видео порака на фејсбук ги повика сите граѓани на Република Македонија да завземат учество во креирањето на државниот буџет.
– Општините каде градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја имаат одговорноста да управуваат со процесите ќе ги отвориме во наредните два викенди, каде ќе има отворени денови и од 11 до 14 часот и каде граѓаните ќе може да предложат проекти и идеи кои ќе бидат вклучени за наредната буџетска година, и воедно да им бидат презентирани плановите и проектите кои веќе се испланирани за наредната година, стои во објавата на Мицкоски.