09/06/2025

Скопјанка ја терала својата малoлетна ќерка да питачи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Д.С.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Пријавената ги наведувала на питачење нејзината деветгодишна ќерка и уште едно седумгодишно дете за кое изјавила дека му е старател, иако не поседувала документ за тоа.

Споделете