08/06/2025

Малолетното девојче кое вчера беше удрено од возило во Аеродром има тешки телесни повреди

-На 07.12.2023 во 16.25 часот на бул.„Србија” спроти бензинска пумпа патничко возило „пасат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Л. удрило во малолетен пешак. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Констатирани се тешки телесни повреди кај малолетното девојче кое вечерва беше удрено од воизло кај бензинската пумпа „Лукоил“, на булевар „Србија“ во Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Споделете