Уапсен Љупчо Палевски во Баликесир Република Турција

Првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, е уапсен вечерва во турски Баликесир.
-По добиено известување од Турција креаторот, планерот, главниот координарот и директен извршител е фатен и лишен од слобода на нивна територија идентично со нашите оперативни сознанија на патеката на движењето, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Љупчо Пачевски Палчо беше уапсен во Турција, откако на барање на МВР беше распишана итна меѓународна потерница од страна на Интерпол.