Лавров: Претседател на македонско Собрание ИМАШЕ АЛБАНСКО ЗНАМЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈА

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров вчера имаше една од најпосетените прес-конференции на Самитот на ОБСЕ во Скопје. Тој говореше за двојните стандарди на Западот, за војната во Украина, за однесувањето на Бугарија кон Македонија, како и за Албанците во земјава.
-Не сум голем експерт за македонско-бугарските односи, можам само да кажам дека луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент, рече тој.
Според него не само за односите меѓу Бугарија и Македонија, туку за сите балкански земји, би рекол дека коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешните југословенски држави.
Се сеќавам дека со години Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и ова беше понижувачко име, а знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Се сеќавам и дека претседател на македонското Собрание имаше фотографии со албанско знаме, направени во канцеларијата во Парламентот, рече Лавров.