09/06/2025

Пратеникот Јанушев објави мега скандал од собраниската говорница


Денес на пратенички прашања во собранието Игор Јанушев од редовите на опозициксата ВМРО ДПМНЕ обелодени скандал во делот со следењето на телекомуникациите и го повика министерот Спасовски на одговорност!

Неговиот фејсбук статус ви го пренесуваме во целост!

Во интерес на јавноста, а од информациите кои имавме прилика да ги слушнеме станува збор за систем за следење на комуникациите преку кој имаат можност за пристап до буквално, ама буквално до целиот интернет сообраќај во државава, на било кој уред, на било кој телефон, на било кој оператор, на било кое лице, приватно или службено … како и можност за пристап до било кој уред, односно телефон со т.н. „малициозен софтвер“.

Во членот 2 од Законот за следење на комуникациите е наведено дека за производство, нудење на продажба, продажба, увоз, извоз, реекспорт или држење на средства за следење на комуникациите мора претходно да се добие одобрение од МВР!

МВР нема издадено такво одобрение!

Понатаму, согласно член 62 од Законот за следење на комуникациите, МВР е исклучиво надлежна да изврши контрола над спроведување на одредбата од член 2!

МВР нема извршено никаква контрола!

Има сериозни индиции дека Министерот Спасовски е запознаен со предметот на набавката и имал увид до техничката спецификација на истата, а наводно и бил лично брифиран за истото на состанок!

Оградувањето дека станува збор за класифицирани информации е само криење и паника бидејќи се фатени на дело!

Имено, согласно член 20 од Законот за класифицирани информации – „информацијата која е одредена со степен на класификација нема да се смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка“!

За кратко и видеата од Собраниската говорница.

Споделете