08/06/2025

Генерал загинал во експлозија на мина во Украина

Рускиот генерал Владимир Завадски загинал во експлозија на нагазна мина во Украина, објавија медиумите повикувајќи се на извори блиски до официјален Кремљ.

Генерал-мајор Завадски (45) бил заменик командант на 14. армиски корпус.

Руското Министерство за одбрана не излезе со соопштение за ова.

Се верува дека најмалку шест руски генерали загинале од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.

Споделете