08/06/2025

Пратеници се смееа додека се зборувало за случајот на Онкологија

3a време на вчерашната свикана собраниска комисија за случувањата во Онкологија, двајца пратеници од владачкото мнозинство, Мартин Костовски (Куманово) и Миле Талевски (Прилеп), траорните сведоштва на жртвите од корупцискиот скандал ги наградија со жолчно смеење!

Пратениците без никаква емпатија кон луѓето што настрадаа на клиниката на Онкологија гласно се смеат додека бараат оставка од Рашела Мизрахи заборавајќи дека причината за анкетната комисија која ја води пратеничката се лични трагедии на десетици можеби и стотици пациенти од кои дел завршиле со смрт.

Споделете