СДСМ: ВМРО ДПМНЕ побегна од комисија за Онкологија откако истата ја злоупотреби

ВМРО ДПМНЕ побегна од собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија, бидејќи беа фатени во лага, во обид да ги излажат граѓаните, злоупотребувајќи ја комисијата, се пожали владеачката СДСМ.
„Претседателката на комисијата Рашела Мизрахи ги прочита заклучоците напишани од Белата Палата, без усогласување, без гласање, без разгледување и ја прекина комисијата а ВМРО ДПМНЕ цел ден бегаа. На овој начин Мизрахи директно ја залоупотреби својата функција како претседавач на комисијата.
Целта на ВМРО ДПМНЕ не е вистината, не е истрагата, не се пациентите на Онкологија, туку само политичките поени.
Заради ваквите злоупотреби Мизрахи треба да си даде оставка.“ – се вели во соопштението од бихаќка.