Превенција од интензивни снежни врнежи во општина Ѓорче Петров

Со возилото наменето за наноси од снег кое го набавивме минатата година, фрлена беше сол на критичните точки, информираат од општина Ѓорче Петров.
-Опфатени беа мостот во Даме Груев кон Волково, патот до с.Кучково и кон населеното место Никиштане.
Општина Ѓорче Петров е целосно подготвена за зимските денови. Неопходно е на ваков начин навремено да делуваме од евентуално замрзнување на улиците, поради снегот во комбинација со ниските температури.
Службата беше активна и во текот на ноќта.
Безбедноста на граѓаните ни е на прво место. Улиците мора да бидат безбедни за движење и сообраќање, додаваат од општината.