08/06/2025

Ди Марија ја завршува репрезентативната кариера

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија (35) најави збогување од националниот дрес по Копа Америка која од 20 јуни до 14 јули идната година ќе се одржи во САД.

Во својата блескава кариера, Ди Марија е светски првак, како и шампион на Јужна Америка, а го освои златниот медал на Олимписките игри 2008 во Пекинг.„Со болка во душата и кнедла во грлото се збогувам, од најубавите работи кои ми се случија во кариерата“, напиша Ди Марија на социјалните мрежи.

Споделете