09/06/2025

Павле Трајанов: Демократски сојуз не би учествувал во нова Влада со СДСМ и ДУИ

Лидерот и пратеник од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов денес порача дека неговата партија не преферира да учествува во Влада во која што партнери ќе бидат ДУИ или СДСМ со кого на претходните избори настапи во коалиција. Според него, штетите што ги направиле овие две партии се огромни и ќе треба ново поинакво мнозинство за да се менува веќе направеното.

-Не може СДСМ, а уште помалку ДУИ, да биде носител на прогресот на Македонија, рече Трајанов во емисијата „Студио 10“.

Претседателот на ДС смета дека албанската опозиција не би гласале за кандидат кој што би го предложиле ДУИ или СДСМ, без разлика на неговата националност. Вели дека етничката припадност не е битна, но не верува дека во моментов има таков натпартиски кадар од страна на владеачката коалиција.

Трајанов очекува владеачката коалиција да ги изгуби парламентарните и претседателските избори во еден ден.

Споделете