08/06/2025

Европратеникот Слабаков: „Додека тепаат и убиваат Бугари и им забрануваат да се самоопределат“

Бизарни изјави од страна на европратениците од соседна Бугарија. Ко-претседателите (нова форма во политиката) на бугарската ВМРО БНД на поранешниот бугарски министер за одбрана Красимир Каракачанов, Слабаков и Џамбаски обвинуваат за репресија која наводно се вршела врз бугаризираните македонци.

Сакам јасно да кажам дека во моментов Бугарија нема никакви други барања кон Северна Македонија, освен оние наведени во одлуката на ЕУ од минатата година врз основа на договорено со т.н. „француски предлог“, изјави бугарскиот премиер Николај Денков во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур на дебатата насловена „Ова е Европа“.

– Низ годините нашите односи се влошија и не мислам дека за тоа е виновна Бугарија. Условите мора да се исполнат од страна на Северна Македонија за да се отвори преговарачкиот процес и од тој аспект, не прифаќам никаква критика за нашата земја, рече Денков, додавајќи дека во тука не станува збор за односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Bаквиот став на Денков претставуваше одговор на зебелешката на германскиот европратеник од редовите на Зелените, Рајнхард Бутикофер, кој го праша бугарскиот премиер што ќе стори Бугарија за да ја отвори вратата за влез на Северна Македонија во ЕУ.

– Може ли некој да ги спори искрените европски аспирации на Северна Македонија, која дури си го смени и името за да си ги отвори вратите на Европа, истакна Бутикофер.

Тој додаде дека Денков во обраќањето ниту еднаш не ја спомена Северна Македонија, чиј „влез во ЕУ досега беше блокиран од Бугарија“, додека во исто време членовите на Европскиот парламент можеле да го слушнат говорот на омраза на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

ВМРО БНД е поделена по однос на користењето на преставката Северна за нашата земја.

На зебелешката на Бутикофер, реагираше бугарскиот европратеник Андреј Слабаков, кој како и Џамбазки е член на националистичката партија ВМРО-Бугарско национално движење (ВМРО-БНД).

– Сакам да му порачам на колегата од Зелените: Не кажувајте дека Џамбаски користи говор на омраза додека тепаат и убиваат Бугари и им забрануваат да се самоопределат, туку дознајте што се случува во Македонија, рече Слабаков без да ја спомене наставката Северна што ќе каже дека има внатрепартиски поделби во ВМРО БНД.

Малата бугарска националистичка партија не успеа да се избори за ниеден мандат на последните избори во соседна Бугарија.

Експертите од софиската јавност не предвидуваат, условно кажано „преживување“ на маргиналната БНД, на било кој догледно нареден изборен процес, па затоа во поглед на нискиот рејтинг тие сметаат дека ваквото однесување на Џамбаски е повеќе последица од некој евтин пиарски маневар за собирање политички поени отколку шовинистички став!

Вклучително Џамбаски, кој е копретседател на ВМРО-БНД, во реакцијата на обраќањето на Денков му порача на бугарскиот премиер дека треба да се води од патриотизмот и националните интереси, а не да им служи на странски интереси и наместо да зборува „за авиони, шарени балони и други глупости“, треба да ги истакнува и штити интересите на бугарските граѓани.

Џамбаски нагласи дека Денков треба да говори за високите цени на основните продукти и на енергенсите, кои според него се последица на „зелените политики на ЕУ“, како и за односот кон Бугарите „во Северна Македонија и Србија, каде што до ден денешен им се газат човековите права и се прогонувани“.

Тој воедно ги обвини и европратениците од редовите на либералната групација Да ја обновиме Европа (РЕ) дека не кажуваат ништо „за репресијата, насилството и негирањето на правото на самоопределување“ на Бугарите.

– Во вашата групација има луѓе кои се преправаат дека не го гледаат насилството против Бугарите во Република Северна Македонија, изјави Џамбазки.

Ваквите реакции доаѓаат после албанскиот попис на кој според првичните извештаи немало ниеден попишан бугарин во областа Голема Преспа, Голо Брдо, месноста Град и Општина Пустец на територијата на Република Албанија, места за кои дел од бугарскиот државн врв небулозно тврдеше дека постоеле бугари.

Споделете