09/06/2025

СДСМ: Блокадата на европскиот пат има име и презиме BMPO ДПМНЕ и Xpистијан Мицкоски

Блокадата на европскиот пат на државата и европските има име и презиме: BMPO ДПМНЕ и Xpистијан Мицкоски. BMPO ДПМНЕ и Христијан Мицкоски сакаат да ја турнат земјата и ги граѓаните во нова изолација и неизвесност, економско назадување, сметаат од СДСМ.

Според нив лагите на опозицијата за бугаризација, асимилација, губење на македонскиот јазик и идентитет, целосно потонаа. Ниту има бугарски диктат – преговарачката рамка е поддржана од сите 27 земји членки на Унијата.

– Од донесувањето на уставните измени зависи отворањето на поглавјата во преговорите со ЕУ, откако ќе заврши скринигот на почетокот на наредниот месец. Европската иднина носи европски стандарди, повисоки плати и пензии, отворен пазар од 500 милиони жители за македонските компании, пристап до европските фондови. Блокадите без аргументи на BMPO ДПМНЕ се на директна штета на државата и на народот, посочуваат од партијата.

Споделете