08/06/2025

НАСЛОВ КОЈ БОДЕ ВО ОЧИ ОСАМНА НА НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА НА „MIRROR“ УТРИНАВА: Фала господе што не игравме против цела Македонија! (ФОТО)

Англиските медиуми се разочарани од изданието на својата репрезентација во Скопје.

„Фала господе што не игравме против цела Македонија“ е насловот на најтиражниот весник „Miror Sport“.

Тој наведува дека Англија играла лошо, очајно и сиромашно но оти сѐ уште се непоразени годинава.

Англиските фудбалери покажаа почит кон навивачите кои допатуваа во Скопје и отидоа на источната трибина да им отпоздрават а тие им одговорија со скандирање „Ингланд, Ингланд“.

Споделете