Џозеф Борел: Еден хорор не оправдува друг

Европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, апелираше до Израелците да не дозволат гневот да ги совлада како одговор на смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври.
Тој рече дека „еден хорор не оправдува друг“, објави Ројтерс.
Борел ги даде коментарите за време на посетата на Израел, зборувајќи заедно со израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, откако двајцата го посетија Кибуц Бери, едно од местата на нападот на Хамас на 7 октомври.
„Го разбирам вашиот гнев, но дозволете ми, ве молам немојте да ве обзема гнев. Мислам дека ова е нешто што најдобрите пријатели на Израел можат да ви го кажат“, рече Борел.
Претходно беше најавено дека Борел, како и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, ќе го посетат Блискиот Исток во обид да ги заштитат цивилите, да отворат нови хуманитарни коридори и да го подготват регионот за мировни преговори.
Како што пренесува Гардијан, се наведува и дека ќе предупреди дека населувањето на доселениците на Западниот Брег е „целосно неприфатливо“ и мора да престане. Борел, меѓу другите, ќе разговара и со претставници на семејствата на заложниците.
Тој потоа ќе замине во Рамала да разговара со палестинскиот претседател Махмуд Абас, а ќе се сретне и со некои други регионални лидери.