Дебитантски повик во англиската репрезентација за талентираниот Кол Палмер

Селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт денес му врачи дебитантски повик за репрезентацијата на офанзивниот играч за врска од лондонски „сини“, Кол Палмер.
Дваесетиедногодишниот Палмер ќе има можност да дебитира во англискиот дрес во претстојниот завршен циклус во квалификациите за ЕУРО2024 против Малта на „Вембли“ во Лондон на 17 ноември или на гостувањето против македонската репрезентација во Скопје, три денови подоцна.
Репрезентативниот повик за Палмер дојде само ден откако во судиското продолжение постигна гол од пенал за да му донесе бод на Челзи во дуелот против Манчестер сити (4-4).
Англија е лидер во квалификациската група Ц и на две кола до крајот на квалификациите го обезбеди пласманот на ЕУРО2024 во Германија.
Повик за репрезентцијата ќе добие и младиот Тино Ливераменто кој бриљира во дресот на „чавките“ од Њукасл.