СДСМ: BMPO ДПМНЕ го поклони XEЦ Тиквеш, а СДСМ бара прво реализација на Чебрен со што заштеди 100 милиони евра

Христијан Мицкоски или нема познавање или свесно кажува невистини за Чебрен и зборува за некакви скандали, реагира СДСМ.
„Скандал е тоа што Владата на Никола Груевски и BMPO ДПМНЕ во 2013 година го доделила ХЕЦ Тиквеш на приватниот инвеститор токму 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ Чебрен.
Додека СДСМ, со интервенција во Одлуката за започнување на постапката за доделување на концесија, го внесува ХЕЦ Тиквеш во заедничка компанија 3 месеци по пуштање во работа на ХЕЦ Чебрен.
Тоа е суштинска и огромна разлика.
На овој начин Владата на СДСМ заштедува 100 милиони евра, пари на граѓаните.
Односно, токму Владата на BMPO ДПМНЕ и Никола Груевски, на кого Xpистијан Мицкоски му беше советник за енергетика, 100 милиони евра сакала да му поклони на приватниот инвеститор.
Добро е што Христијан Мицкоски индиректно го признава ова, но треба да се извини на граѓаните и да ја каже вистината таква каква што реално е, бидејќи се очекува да ја знае и како советник за енергетика и како поранешен директор на ЕСМ, тогашен ЕЛЕМ.
ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за Чебрен за реализација и не успеа.
СДСМ направи успешна постапка со што овој огромен и значаен проект вреден преку 1 милијарда евра ќе се реализира а ЕСМ ќе биде сопственик од 33% со што парите за инвестицијата треба да ги обезбеди во целост приватниот партнер.
Со изградбата на Чебрен се зголемува енергетската независност на државата се прави и голем чекор кон заштита на животната средина“, се вели во партиското соопштение.