РК Нант прослави 70 годишнина, Кирил Лазаров ќе биде претставен како легенда на клубот!

Францускиот ракометен гигант PK Нант вечерва пред својата публика ќе го пречека тимот на Шартр, а во пресрет на овој натпревар домашниот клуб ќе организира специјална церемонија во чест на 70. роденден на клубот.
Нант веќе подолго време важи за еден од најдобрите клубови во својата земја, а во последните години бележи и забележителни успеси на меѓународна сцена. Дресот на овој клуб во минатото го носеле многу ракометни ѕвезди, а меѓу нив секако е и нашиот Кирил Лазаров.
Македонскиот селектор цели пет сезони ги бранеше боите на Нант, остави длабока трага во клубот и таму ја заврши блескавата кариера. Раководството на Нант не го заборави продинесот на македонскиот ас и по тој повод го смести меѓу најголемите легенди на клубот.