09/06/2025

Пронајдени ce патниците од авионот што се урна кај Крит

Двајца патници од малиот авион кој падна во морето кај Крит се пронајдени во бессознание.

Веднаш по падот, припадник на крајбрежната стража кој се наоѓал во чамецот ги лоцирал двајцата патници кои нуркачите ги извлекле. Тие со брод на крајбрежната стража биле пренесени до брегот, од каде ќе бидат пренесени во болница.

Како што пренесува „Прототема“, авионот од Копаида тргнал кон Ханија, за да учествува на демонстрациите организирани од Аероклубот Ханија за време на викендот.

Истрагата ја презеде Единствениот координативен центар за пребарување и спасување.

Споделете