09/06/2025

Крадци ги украдоа средствата за лекување на младиот Леонид! Добри и хумани луѓе: Донирајте на:(А1 143-500) (Телеком 143-118)

На Леонид Индов му е потребна нашата помош. Пред неколку месеци, осумнаесетгодишниот  Леонид доживеал несреќа додека бил на летување во Грција. Тоа резултирало со тешки повреди на неговиот рбетен столб и тој не може да ги движи рацете и нозете. Клиника во Швајцарија му гарантира процес на лекување преку современи методи, но за семејството да ги обезбеди средствата за лекување, потребна им е поддршка и помош од сите нас.

Потребни се 800.000 евра за третманот кој на Лео му овозможува излез од темниот тунел во кој сега се наоѓа. Досега е собран дел од потребната сума, но само заедно можеме да стигнеме до вкупниот износ. Секоја мала или голема донација е значајна. Помогнете го лекувањето на Леонид, покажете хуманост и споделете љубов.

Инаку крадци упаднале во домот на младиот Леонид Индов и ги одзеле сите пари собрание од донации. Неофицијално, како што дознава локален медиум крадците одзеле пари во износ од 50 илјади евра, средства собрани за негово лекување.

Донациите може да се направат со повик на телефонските броеви (100 денари од повик):

А1: 143 500

Телеком: 143 118

Или преку сметка:

Од Македонија:

ЛЕОНИД ИНДОВ

210-7000006805-91 НЛБ БАНКА

Од странство:

BRANKO INDOV

st.23 OKTOMVRI no.27/4-11 SKOPJE

IBAN: MK07210501567799991

SWIFT: TUTNMK22

NLB BANKA AD SKOPJE

Споделете