08/06/2025

Билетите за натпреварот Македонија-Англија по цена 400 и 600 денари, задолжителна влезница и за деца

Во понеделник, 13. ноември, ќе започне продажбата на билети за престојниот натпревар во кој нашите „Рисови“ ќе ги одмерат силите со „Гордиот Албион“ на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024, информира ФФМ.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 400 и 600 денари.

-Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Англија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст, велат од ФФМ.

МАКЕДОНИЈА – АНГЛИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 20. ноември, 20:45 часот)

Северна трибина

Блок 13 и 19 400 денари

Блок 14, 18, 20 и 24 600 денари

Јужна трибина

Блок 1 и 6 400 денари

Блок 2, 3, 4 и 5 600 денари

Западна трибина

Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 400 денари

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 18, 19. и 20. ноември од 10:00 до 18:00 часот.

Споделете