Лидерот на ДУИ Али Ахмети во Сопот отвори музеј на УЧК со карта на голема Албанија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, викендов во Сопот отвори музеј на УЧК, а главен експонат во музејот е знаме со карта на Голема Албанија со делови на Македонија, Србија и Грција. Истата картата е изгравирана и на мермерна плоча пред влезот на самиот објект.
На социјалните медиуми Ахмети објаснува дека се работи за спомен обележје на 64 убиени Албанци во 1944, но во музејот се изложени фотографии и од команданти на УЧК од Косово како Адем Јашари, но и ликови од воениот конфликт во Македонија, вклучително и самиот Ахмети во униформа.
Картата на Голема Албанија не е единствената провокација. Во медиумите се пренесува дел од говорот на Ахмети во кој тој наводно зборува дека идејата била Албанија без граници, но дека подоцна политиките се промениле, па било одбрано Албанците да бидат господари во оваа земја.