Oд ИДФ веруваат дека е предизвикана значителна штета врз тунелите на Хамас

Военото раководство на Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека тешките напади во текот на ноќта во северниот дел на Појасот Газа предизвикале значителна штета на подземната и надземната инфраструктура на Хамас.
Војската соопшти дека изведува „широки напади врз терористичката инфраструктура, под земја и над неа“. Хамас ги опиша нападите како „интензивни бомбардирања“.
ИДФ посочуваат дека се убиени и повеќе од десет команданти на теренот на Хамас, на ниво на баталјони и бригади, од почетокот на војната, што ги нарушува операциите на терористичката група.
Во нападите во текот на ноќта се верува дека загинале и теренски команданти на Хамас кои се криеле во тунелите.
Војската соопшти дека е фокусирана и на убивање високи лидери на Хамас.