Александар Велјановски: Законот за амнестија е противуставен оти не важи еднакво и за лицата од 27-ми април

Aлександар Вељановски од редовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ објаснува зошто не помина законот за амнестија!
-Овде станува збор за коалициони партнери во Владата каде што помина законот за амнестија, а во Собрание се случи поигрување со судбините на луѓето во затворите. Дел од пратениците од власта гласаа за законот, а дел против, вели Велјановски.
Велјановски рече дека ова е веќе трет закон за амнестија во речиси 7 години од владеењето на СДСМ и ДУИ посочувајќи дека со ова се дерогира судската власт
-Ова е трет обид за закон за амнестија во владеењето на СДСМ и ДУИ и за мене ова е дерогирање на судската власт и поништување на работата на судиите и обвинителите, додаде тој.
Според Велјановски законот за амнестија е противуставен бидејќи не се опфатени лицата осудени за 27ми април за дело кое што не го направиле, а кои се третираат во нехумани услови.
-Овој закон сега се носи на неколку месеци пред изборите, а претходните искуства покажуваат дека од ваквите закони немало ефект. Сметам дека законот во еден дел е противуставен оти не важи еднакво за сите што отслужуваат казна затвор, а ние имаме и политички затвореници кои се третирани нехумани, а мислам на осудените од 27 април кои се со пресуди за дела кои ги немаат направено, вели Велјановски.