08/06/2025

Хуманитарците Пет часа немaaт контакт со теренскиот персонал во Појасот Газа

Црвената полумесечина соопшти дека повторно се прекинати комуникациските и интернет услугите во Појасот Газа.

Повторно, ние околу пет часа немаме контакт со нашиот персонал во Газа, објави палестинската Црвена полумесечина на платформата Икс.

Комуникациските и интернет услуги во Газа се целосно прекинати, се наведува во објавата на Икс (Tвитер) со хаштаг #NotATarget, со што се потенцира дека спасувачкиот персонал, хуманитарните работници и волонтерите не се мета на конфликтот.

Споделете