08/06/2025

Шумски пожари беснеат во Австралија: Наредена евакација на жители од Квинсленд


Жителите на три области во северната австралиска држава Квинсленд денес добија наредба да се евакуираат бидејќи шумските пожари излегле надвор од контрола на надлежните.

Пожарникарите, вклучително и оние кои пристигнаа од други делови на Австралија и Нов Зеланд, се борат со шумските пожари во државата во кои веќе загинаа две лица и уништија десетици домови.

Жителите на две соседни области во близина на градот Далвеена денеска добија наредба итно да се евакуираат. Пожарите во областа ја зафатија и соседната држава Нов Јужен Велс на југ.

Властите денеска издадоа и трето предупредување за евакуација на крајниот север на државата, во близина на Вотсонвил.

Споделете