09/06/2025

СДСМ: Две години локална власт, ВМРО ДПМНЕ ја изневери довербата на граѓаните

Поминаа две години, половина од мандатот како локална власт на BMPO ДПМНЕ во над 40 општини.

Резултатот е поразителен, BMPO ДПМНЕ ги изневери граѓаните, нема проекти, нема резултати.

Но, има безброј нереализирани избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на BMPO ДПМНЕ.

Општините предводени од BMPO ДПМНЕ наместо да се развиваат, стагнираат, а граѓаните се соочени со зголемени цени на давачките за комунални услуги, данок на имот, паркинг, превоз.

Градоначалниците на BMPO ДПМНЕ половина од мандатот не работеа ништо, освен што ги задолжуваа општините и ги трошеа народните пари на непродуктивни трошоци и партиски вработувања.

BMPO ДПМНЕ не ја оправда довербата дадена на локалните избори и ги изневери граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.

Споделете