Tажна вест: Шани Лук е мртва, три недели голгота по киднапирањето од терористичката Хамас

Членови на семејството на младата Шани Лук, германски уметник со израелско потекло, која била киднапирана од терорситичката Хамас по инвазијата на Израел, објавија дека девојчето е мртво.
„За жал, вчера ја добивме веста дека мојата ќерка повеќе не е жива“, изјавила мајката Рикарда, пренесува Билд.
Сестрата на Шани, Ади напиша на Инстаграм „со голема тага ја објавувам смртта на мојата сестра“.
Шани Лук (22), од израелско и германско државјанство, била на музички фестивал во близина на кибуцот Реим на 7-ми октомври. Таму таа се забавувала со стотици млади Израелци и други странци кога одеднаш кибуцот бил нападнат од милитантите на Хамас.
Хамас убиле десетици посетители на фестивалот и киднапирале многумина, меѓу кои и Шани Лук и ги одвеле во Појасот Газа.
Истиот ден, Хамас објави видео на кое се гледа Шани Лук во камионска приколка опкружена со терористите киднапери.
Таа лежела и била тешко повредена. Околу неа борците го славеле нејзиното киднапирање.
Набрзо се проширија информации дека таа е мртва, но нејзината мајка изјавила дека и кажале дека Шани е уште жива, но тешко повредена.
И покрај ужасното видео, семејството на Шани повеќе од три недели се надеваше дека Шани ќе биде ослободена.
За жал, денес семејството ја објави тажната вест.