09/06/2025

Досега во Појасот Газа загинале 7703 луѓе

Министерството за здравство на Хамас (кој владее со Појасот Газа) денеска соопшти дека 7703 лица загинале во Појасот Газа од почетокот на конфликтот со Израел пред речиси три недели.

Според Министерството, меѓу загинатите регистрирани од почетокот на војната на 7 октомври има 3.500 деца.

Во претходниот биланс заклучно со вчера беше пријавено дека загинале 7.326 лица.

Министерството за здравство редовно го објавува овој биланс откако Израел ги почна контра-нападите врз Појасот Газа како одговор на нападите на припадниците на Хамас на израелска територија на 7 октомври, кога, според израелските податоци, загинаа 1.400 луѓе, главно цивили.

Споделете