Димовски: Државата забрзано оди кон должничка спирала

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во своја објава на фејсбук ја анализира лошата економска состојба во која е доведена Македонија во последниве 5 години.
– Државата забрзано оди кон должничка спирала… (не сме ни свесни). Гледајте бројки и расудувајте сами…, вели Димовски во својата објава.
– Ваков ритам на задолжување ќе не доведе во ситуација еден ден да прогласиме банкрот, или да бркаме илјадници луѓе од работа, или да намалуваме пензии, или да покачуваме даноци, или…., појаснува тој