09/06/2025

Бујар Османи во официјална посета на Финска

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Република Финска, на покана на финската министерка за надворешни работи.

Како што соопшти МНР, во рамки на посетата Османи ќе оствари средби со својот хомолог, министерката Елина Валтонен и со претседателот на финскиот Парламент, Јуси Хала-ахо.

-За време на престојот во Хелсинки, Османи ќе го потпише меморандумот за пристапување на Република Македонија во Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани, со седиште во Хелсинки, велат од МНР.

Споделете