Убавата руска инфлуенсерка со пари од крипто валути ја финансирала украинската војска

Валерија Федијакина (28), руска убавица која тргува со криптовалути, беше уапсена откако наводно извршила измама од речиси 70 милиони евра, испраќајќи ги парите за финансирање на украинските војска.
Валерија, позната и како „Крипто кралица“, првпат беше уапсена на 15 септември под сомнение дека водела „пирамидална“ измама.
Атрактивната Русинка, која ја нарекуваат и Битмама, наводно рекла дека парите ќе ги префрли во Дубаи, користејќи криптовалути за да ги заобиколи банкарските ограничувања.
Клиентите тврдат дека Валерија им кажала дека ќе добијат „бонус“ од 1 отсто од уплатената сума, пишува Дејли Стар.
Меѓутоа, во моментот кога и ги префрлиле парите, таа наводно исчезнала. Руските власти сега веруваат дека Валерија ги испратила парите на украинските сили. Валерија моментално е во притвор и треба да се појави пред судот на 15 ноември.