СДСМ: Плати на наставници и над 40.000 денари, власта го вреднува трудот и нивната работа

СДСМ на дело покажува како се вреднува трудот и одговорната работа на наставниот кадар во образованието. Од 2017 година досега СДСМ ги зголеми платите на наставниците за 55 отсто, велат од партијата.
Додаваат дека со зголемени почетни плати, коефициент на сложеност и минат труд, платите на наставниците со искуство денеска достигнуваат над 40.000 денари.
– Од оваа година наставниците добиваат и 10.000 денари К15, односно регрес за годишен одмор, прв пат после 20 години. Платите во образованието ќе продолжат да растат и понатаму, СДСМ обезбедува подобар животен стандард и подобри услови за работа, стои во соопштението.