08/06/2025

СДСМ: Борбата не е за изолација туку за интеграција и подобар животен стандард

Македонската борба е е борба за создавање на европска и напредна држава, за интеграција и подобар животен стандард за сите граѓани, прогресивна иднина за младите. Македонската борба не за изолација, уназадување и стагнација, што е понуда на лажните патриоти од BMPO ДПМНЕ и Левица, велат од владеачката СДСМ.

Соред нив лажниот патриотизам и блокадата на европскиот пат води до нов егзодус и иселување на младите, до загрозување на македонскиот идентитет. Затоа, антиевропската агенда е антимакедонска.

– СДСМ заедно со граѓаните ќе ја обезбеди македонската европска иднина. Сите македонски граѓани да бидат европски граѓани, со поголеми плати, со поголем животен стандард, со европски квалитет на живот, стои во соопштението.

Споделете